
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 04/2025 за долгови доспеани до 31.12.2024 и неплатени до 31.03.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.04/2025 објавени се 1943 должници – правни лица (исто како во претходната листа) и 3866 физички лица (повеќе за 143 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2025 изнесува 11.511.855.826 денари, (повеќе за 119.065.680 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.353.054.515 денари, (повеќе за 159.959.358 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.801.311 денари (помалку за 40.893.678 од претходната листа).