УЈП ја објави Листата на должници

67

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2024 за долгови доспеани до 30.09.2023 и неплатени до 31.12.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.
    На Листата на должници бр.01/2024 објавени се 1857 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 3716 физички лица (повеќе за 74 од претходната листа).
    Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2024 изнесува 10.108.704.233 денари, (повеќе за 1.054.342.622 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.925.148.873денари, (повеќе за 1.078.256.547 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.555.360 денари (помалку за 23.913.925 денари од претходната листа).