УЈП ја објави најновата листа на должници

76

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.09/2022 за долгови доспеани до 31.05.2022 и неплатени до 31.08.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.09/2022 објавени се 1.673 должници – правни лица (помалку за 6 од претходната листа) и 2775 физички лица (помалку за 423 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2022 изнесува 8.307.092.973 денари, повеќе за 17.039.672 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.119.627.542 денари, повеќе за 27.093.892 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 213.629.415 денари (помалку за 10,054,220 денари од претходната листа).