УЈП ја објави најновата листа на должници

101

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2022 за долгови доспеани до 31.07.2022 и неплатени до 31.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

    На Листата на должници бр.11/2022 објавени се 1.652 должници – правни лица (помалку за 12 од претходната листа) и 3.209 физички лица (помалку за 21 од претходната листа).
    Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2022 изнесува 7.889.882.213 денари, помалку за 250.403.801 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.683.872.776 денари, помалку за 276.319.143 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.009.437 денари (повеќе за 25,915,342 денари од претходната листа).