УЈП ја објави најновата листа на должници

195

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2023 за долгови доспеани до 31.10.2022 и неплатени до 31.01.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.
    На Листата на должници бр.02/2023 објавени се 1.699 должници – правни лица (повеќе за 24 од претходната листа) и 3.262 физички лица (помалку за 29 од претходната листа).
    Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2023 изнесува 7.812.224.924 денари, помалку за 114.994.272 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.629.290.675 денари, помалку за 114.443.530 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 182.934.249 денари (помалку за 550,742 денари од претходната листа).
    Фото: Pexels