УЈП ја објави најновата листа на должници

107

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.09/2021 за долгови доспеани до 31.05.2021 и неплатени до 31.08.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.09/2021 објавени се 1.802 должници – правни лица (повеќе за 5 од претходната листа) и 3.037 физички лица (повеќе за 65 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2021 изнесува 8.784.207.806 денари, помалку за 1.063.340.431 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.598.566.536 денари (помалку за 1.053.587.251 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.641.270 денари (помалку за 9.753.180 денари од претходната листа).