УЈП ја објави најновата листа на должници на данок

75

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.02/2024 за долгови доспеани до 31.10.2023 и неплатени до 31.01.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.02/2024 објавени се 1872 должници – правни лица (повеќе за 15 од претходната листа) и 3628 физички лица (помалку за 85 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2024 изнесува 10.345.995.706 денари, (повеќе за 242.063.868 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.141.312.568 денари, (повеќе за 220.936.090 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 204.683.138 денари (повеќе за 21.127.778 денари од претходната листа).

Целата листата на должници можете да ја погледнете тука