УЈП: Поставена опцијата за откажување на донација од МојДДВ

63

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека на апликацијата МојДДВ е поставена опцијата за откажување на донација.

Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата потребно е да ја симнат новата верзија на апликацијата МојДДВ. Полето Откажи донација се појавува само кај оние корисници на апликацијата МојДДВ кои го донирале својот поврат за периодот јануари – март 2020 за справување со Ковид-19.

Оваа опција ќе биде достапна на апликацијата МојДДВ до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година.