УЈП потсетува: Наближува крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќање на утврдената даночна обврска истекува утре, 25-ти август.
Од вкупно 8.157 очекувани ДДВ-04 пријави за овој даночен период, заклучно со вчерашниот ден, 23 август, 3.615, односно 44,32% даночни обврзници веќе ја поднеле својата ДДВ-04 пријава.
Сè повеќе даночни обврзници ја завршуваат својата обврска навреме, бидете меѓу нив, не чекајте го крајниот рок.
УЈП ги повикува даночните обврзници кои сè уште не ја поднеле пријавата да го искористат времето и навреме да ја поднесат ДДВ-04 пријавата и да ја платат утврдената даночна обврска.
Навременото исполнување на обврските значи помалку гужва, помалку ризик од доцнење и мирно завршување на даночниот период