УЈП потсетува: Се приближува рокот за ДДВ-04 пријавите

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите месечни и тримесечни ДДВ обврзници дека имаат законска обврска да поднесат даночна пријава „ДДВ-04“ по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/
За даночниот период 12/2025 (месечни обврзници) и 10–12/2025 (тримесечни обврзници) законскиот рок за поднесување е 25-ти јануари 2026 година, но бидејќи станува збор за неработен ден (недела), крајниот рок за поднесување е наредниот работен ден, односно 26.01.2026 година, понеделник.
Доколку имате даночен долг за ДДВ, платете го пред истекот на крајниот рок за плаќање, за да избегнете казни и дополнителни финансиски трошоци. Апелираме граѓаните и даночните обврзници да не чекаат последен момент, туку навремено да ги исполнат своите обврски.
Со тоа ќе придонесат за сопствена финансиска сигурност и за стабилност на даночниот систем кој обезбедува фер и праведно опкружување за сите чинители во економијата.