УЈП: Публикација по повод 70 години даночен систем и 20 години Ден на даночници

37

foto-ujp

Фото: УЈП

По повод одбележување на Денот на даночниците на 29-ти ноември 2017 година, како и јубилејното одбележување на 70 години – даночен систем и 20 години – Ден на даночници во Република Македонија, Управата за јавни приходи (УЈП) издаде публикација.

Во оваа публикација е даден краток осврт на поставувањето на темелите и седумдецениските промени и реформи во македонскиот даночниот систем, како и за првите иницијативи за одбележување на Денот на даночниците, со цел давање на посебно место и улога на даночните работници во обезбедувањето на финансиската стабилност на државата.

Мисијата на УЈП е обезбедување висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и на другите јавни давачки.