УЈП: Работодавачи поднесете барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување

82

Врз основа на Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, работодавачите имаат можност за користење на субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

За остварување на правотото на субвенционирање, работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСО) до Управата за јавни приходи.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од пет дена од денот на доставувањето на барањето.

Начинот на пополнување на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСО) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

Фото: Pixabay