УЈП: Се исплаќаат паричните средства кај физичките лица од МојДДВ за првото тримесечје

215

Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.

Во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари.

Вкупниот број на регистрирани корисници до 31.03.2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.

Повратот за ова тримесечје изнесува 343.803.953 денари односно 5.590.000 евра. За донирање на својот поврат за ова тримесечје јануари – март се изјасниле 8.700 граѓани.

Исплатата се врши во неколку етапи и истата ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки, и доколку има грешки во истите, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.