Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“, кој истекува на 25.04.2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ -04, ќе се смета 26.04.2024 година.
Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.