УЈП со известување за обврзниците на годишен данок на личен доход за 2019-та година

157

Управата за јавни приходи (УЈП) започна со активност којашто ќе ги опфати обврзниците на данок на личен доход (физички лица) за кои во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход ДЛД-ГДП за 2019 година е утврдена разлика за доплата на данок на личен доход, а во даночната евиденција сè уште не е евидентирана уплата на утврдената разлика за доплата, односно не е евидентирана уплата по налогот за плаќање издаден од Управата за јавни приходи.

Целта на оваа активност е усогласување на Управата за јавни приходи и даночните обврзници доколку разликата за доплата е платена со налог за плаќање кој не е издаден од Управата за јавни приходи по Годишната даночна пријава ДЛД-ГДП, или доколку даночниот обврзник има право на користење на даночно ослободување, а воедно и потсетување на даночните обврзници кои треба да ја уплатат разликата за доплата.

Даночните обврзници кои ќе добијат порака на својот е-маил (пријавен при регистрација на системот e-ПДД), со наслов “Известување за долг по ДЛД-ГДП за 2019 година”, се замолуваат да го следат упатството дадено во самата порака

Фото: Pixabay