УЈП со насоки за подготовка на МПИН пресметка од стечаен управник

60

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги утврдува насоките за начинот на подготовка на МПИН пресметка (месечна пресметка за интегрирана наплата) од страна на стечаен управник.

Насоките се согласно законските измени коишто предвидуваат нова категорија на обврзник за пресметка и уплата на придонеси “стечаен управник“ за вработен кај должникот кого го застапува и претставува, за месеци пред отворање на стечајна постапка, доколку распределениот дел од стечајната маса за придонеси е помал од обврската за придонеси пресметана од должникот.

За стечајните управници кои ќе изразат потреба од стекнување на практични знаења и вештини за пополнување и поднесување на МПИН пресметки, УЈП ќе организира и обуки на таа тема.