УЈП со нов и подобрен е-систем: Полесен пристап и модерно дигитално потпишување

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека успешно е реализирана техничка надградба на електронските системи со цел подобрување на корисничкото искуство, особено при користењето на системот за персонален данок – е-ПДД.

Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk) сега е пренасочена преку порталот е-Даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што пристапот станува поедноставен и побрз. Со едноставно кликање на линкот „ПДД“ во горниот десен агол на екранот, ќе можете да ги користите сите функционалности кои веќе ги познавате и кои се дел од постоечките функционалности на системот е-Персонален данок.

Имплементиран е и нов начин на дигитално потпишување, независен од верзијата на JAVA и типот на интернет пребарувачот, како втора опција за дигитално потпишување во системот. За користење на оваа опција, потребно е да се инсталира софтверот достапен на линкот кон кој ве води самото апликативно решение.

Со воведување на оваа можност сакаме да излеземе во пресрет на даночните обврзници кои се соочуваат со предизвици при функционирањето на дигиталното потпишување на различни платформи и интернет пребарувачи. Како дел од процесот на унапредување, во текот на вчерашниот ден се појавија краткотрајни технички предизвици, за што институцијата им се заблагодарува на корисниците за трпението и разбирањето.

Доколку се соочите со какви било потешкотии или ви е потребна техничка помош или поддршка, контактирајте го ИНФО ЦЕНТАРОТ на Управата за јавни приходи.