УЈП со нова листа на должници

30

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници бр.08/2018 за долгови доспеани до 30.04.2018 и неплатени до 31.07.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупниот износ на долгот за физичките лица и самостојни вршители на дејност е повисок од 120.000 денари, додека долгот за правните лица е повисок од 300.000 денари.

На Листата објавени се 2.290 должници – правни лица и 2091 физички лица.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.642.529.712 денари, нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.502.770.116 денари, додека долгот за царински давачки е 139.759.596 денари.