УЈП со потсетник:Краен рок за поднесување на „ДБ“, „ДБ-ВП“ „ДБ-НП/ВП“ и корекција на ДДВ пријавите за 2025 година е на 02 март

Управата за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночни биланси за данок на добивка образец „ДБ“, „ДБ-ВП“ и „ДБ-НП/ВП“ дека законскиот рок за поднесување на даночните биланси, како и рокот за поднесување на исправка на ДДВ-04 пријавите за 2025 година, е 28.02.2026 година.

Со оглед на тоа што 28.02.2026 година паѓа во сабота (неработен ден), согласно законските прописи со кои се уредуваат даночните рокови, како краен рок за поднесување на образците се смета првиот нареден работен ден, односно 02 март 2026 година (понеделник).

Управа за јавни приходи ќе врши прием на даночни биланси образец „ДБ“, „ДБ-ВП“ и „ДБ-НП/ВП“ како и на корекциите на ДДВ-04 пријавите за 2025 година и на 02 март 2026 година.

УЈП ги повикува даночните обврзници навремено да ја исполнат својата законска обврска и да ги достават даночните биланси и исправките во утврдениот рок, со цел обезбедување законито и транспарентно работење и избегнување на евентуални последици, санкции или стрес.