УЈП вработува 40 извршители на определено време поради поголем обем на работа

27

Управата за јавни приходи (УЈП) објави оглас за вработување на 40 извршители на определено работно време поради привремено зголемен обем на работа до крајот на тековната фискална година (2021).

Општи услови за сите работни места, според огласот, се:
Да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена слособност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Распоред на работно време
Работни часови во неделата: 40 часа
Работно време: од понеделник до петок од 07,30/8,30 до 15,30/16,30
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2021 година

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи
– Доказ за државјанство;
– Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
– Доказ уверение/диплома за завршен степен на образование; (со изразен степен на квалификации и просек на добиени оценки за сите години/сите свидетелства со изразен просек на добиени оценки за сите години);
– Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
– Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. -само за работните места каде што се бара работно искуство).

Кандидатите се должни да поднесат Пријава (види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105) со назнака за кое работно место се пријавува кандидатот, кратка биографија и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 04.03.2021 (четврток).
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Управа за јавни приходи или по пошта на следната адреса: ул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, 1000 Скопје, Архива на Управа за јавни приходи – Генерална Дирекција (со назнака за оглас за вработување бр. 1/2021. Контакт број 02 3 299-537 Сектор за човечки ресурси при Управа за јавни приходи).

Фото: Pexels