Францускиот врховен административен суд ја укина спорната одлука на владата за забрана на продажбата на последните модели на Мерцедес поради закани за животната средина. Во соопштението на Државниот совет на Франција се наведува дека регистрацијата на одредени возила на Мерцедес од класата A, B, SL и CLA, која беше замрзната од јуни годинава, ќе биде повторно обновена за неколку дена, пренесува Франс прес.
Претставник на Daimler на сослушувањето навел дека забраната задржала испорака на 5.200 автомобили на француските потрошувачи.
Утврдено е дека овие автомобили не претставуваат закана за животната средина. Во јуни беше донесена забрана за продажба на последните Мерцедес модели во Франција, затоа што во разладниот систем имаат средство за ладење за кое ЕУ наведува дека емитира преголема количина штетни гасови и треба да биде заменето. Имено, од 1 јануари годинава, според регулативата на ЕУ, произведувачите на автомобили мораат да го користат средството за ладење R1234if кое предизвикува помало загадување, но компанијата DaimlerChrysler и понатаму се држи до старото средство R134a. Daimler Chrysler тврдеше дека истражувањата покажале дека новото средство многу полесно се пали и дека автомобилите се во поголем ризик од експлозија во случај на несреќа.