Украдени 76 милиони долари од јапонската крипто-берза Liquid

46

Јапонската берза за криптовалути Liquid објави во четвртокот дека непознати хакери ги компромитирале паричниците во кои чувале поголема количина дигитални средства.
Средствата што напаѓачите успеаја да ги добијат изнесуваат околу 76 милиони американски долари во биткоин, етереум, трон и XRP токени.

Веднаш откако ја забележа оваа кражба, берзата ги објави и адресите на паричниците на кои се преместени украдените криптовалути. Во исто време, тие рекоа дека започнале да ги пренесуваат сите преостанати токени што моментално ги имаат на сметките на офлајн (ладни) паричници до кои не може да се пристапи преку Интернет. Од истата причина, тие привремено ги прекинаа сите трансакции на корисници за купување криптовалути, повлекување средства од сметките и плаќање депозити.

Ова е веќе втора голема кражба на криптовалути овој месец. Првата беше многу повредна – хакер, кој наводно го направил тоа „за забава“, на Poly Network прво и украл над 600 милиони долари, за на крајот да врати речиси се, бидејќи не сакал да ризикува законски последици.

Јапонската Liquid досега не објави нови детали, ниту пак ги повика напаѓачите да ги вратат украдените средства, туку само најавија дека ќе продолжат да го истражуваат инцидентот.

Интересно, ова не е нивен прв случај на неовластен упад во системот. Liquid исто така беше жртва на напад во ноември минатата година, но тогаш хакерите имаа друга цел – да ги украдат нивните чувствителни приватни податоци за клиентите (имиња, адреси и шифрирани лозинки).