Најпопуларната светска платформа за тргување со NFT беше цел на „фишинг“ напади, што резултираше со кражба на NFT во вредност од 1,7 милиони долари.
Треба да се напомене дека самата „OpenSea“ не била хакирана, туку корисниците на оваа платформа биле мета на „фишинг“ напади. Нападот беше насочен кон корисниците на платформата во форма на е-пошта, дизајнирана да изгледа како ажурирање на заедницата на „OpenSea“.
Во е-поштата, од корисниците беше побарано да ги мигрираат своите Ethereum листинзи на нов паметен договор, а бидејќи „OpenSea“ го објави својот паметен договор еден ден претходно, самата е-пошта не изгледала сосема сомнителна.
Наводно, 32 корисници на OpenSea биле погодени од оваа е-пошта и потпишале договор кој содржи злонамерна датотека што ги префрлала нивните NFT на напаѓачот.
Добрата вест е што дел од украдените NFT се вратени, додека дел се продадени од напаѓачите. Инцидентот моментално се истражува од „OpenSea“.











