
Околу 700.000 метрички тони жито се извезени преку новиот украински извозен коридор на Црното Море откако почна со работа во август, изјави украинскиот министер за земјоделство.
Украина започна „хуманитарен коридор“ за да ги ослободи бродовите наменети за африканските и азиските пазари и да ја заобиколи де факто блокадата, откако Русија летово се откажа од договорот што ѝ гарантираше извоз на жито за време на војната.
Висок земјоделски функционер изјави подоцна истиот месец дека се размислува за користење на друг пат за пратки на жито.
– Во текот на работата на новиот коридор во пристаништата влегоа 38 бродови, а повеќе од 30 заминаа. Се разбира, не сите со жито, изјави во понеделникот вечерта министерот за земјоделство Микола Солски.
„Сепак, успеавме да извеземе речиси 700.000 тони жито“, додаде тој.











