Украина не прифаќа 80.000 долари по семејство како отштета за урнатиот авион во Техеран

41

Трагедијата со авионот којшто беше погоден со ракета на осми јануари, веднаш по полетување од аеродромот во Техеран кон Киев, при што загинаа 176 лица, полека почнува да се расчистува.

Иранската војска веднаш по несреќата ја призна вината дека по грешка го урнала украинскиот патнички авион, со голем број човечки жртви вклучувајќи 11 државјани на Украина.

Според информациите на Киев, Иран е подготвен да ги пренесе податоците и снимките од летот откако ги разгледа заеднички истражен тим составен од експерти од Иран, Канада и Украина. Но, Киев и понатаму го чека Иран да ги испрати црните кутии од Боингот 737.

Украинскиот претседател, Владимир Зеленски изјави дека Киев не е задоволен со висината на компензацијата којашто Иран ја понуди на семејствата на државјаните од Украина, загинати во падот на патничкиот авион во близина на Техеран, и дека ќе бара повисока отштета.

“Иранската страна веднаш понуди 80.000 долари по семејство, што е навистина малку. Ќе бараме повисока сума“, потврди Зеленски за украинскиот телевизиски канал 1+1.