Украина остана без 16 отсто од обработливото земјиште

28

Откако руските трупи ги окупираа регионите Херсон и Запорожје, како и Донбас, Украина загуби 16 отсто од обработливото земјиште, изјави Игор Григорјев, министер за земјоделство на Херсонската област кој беше назначен од Русија.

Тој изјави дека Херсонската област имала приноси до три милиони тони во своите најдарежливи години, а во вкупниот принос на Украина од околу 60-70 милиони тони, тој е близу пет отсто, пренесува ТАСС.

„Уште шест отсто се во Запорожје. Ослободените територии на Народна Република Доњецк и Луганск сочинуваат 3-4 отсто. Тоа е вкупно 13-16 отсто, што, според мене, би било значителна загуба за секоја економија“, нагласи Григорјев.

Според него, владата во Киев смета дека веќе изгубила четвртина од обработливото земјиште.

Украинскиот премиер Денис Шмигал на 8 јуни објави дека овогодинешната сеидба е направена на 75 отсто од териториите што биле користени минатата година.

Украина се соочи со бројни потешкотии за време на оваа пролетна сеидба, со недостиг на гориво, неопходно е да се извезе дел од минатогодишните приноси, кои според Киев изнесуваат 23,5 милиони тони, пренесе ТАСС.