Украина: Воспоставивме две рути за извоз на жито

87

Украина воспостави две рути низ Полска и Романија за извоз на жито и помага да се избегне глобалната криза со храна, иако тесните грла го забавија транспортот на земјоделски стоки, изјави  заменик-министерот за надворешни работи Дмитро Сеник.

Тој рече дека е загрозена глобалната безбедност на храната, бидејќи рускиот напад на Украина го запре извозот на жита преку Црното Море, па има недостиг и зголемени цени во светот, пренесе Ројтерс.

Украина е четвртиот најголем извозник на жито во светот и вели дека има околу 30 милиони тони жито во магацини кои ќе се обиде да ги извезе по копнен, речен и железнички пат.