Украинскиот земјоделски сектор претрпе речиси 80 милијарди долари загуби

23

Украинскиот земјоделски сектор претрпе речиси 80 милијарди долари директни и индиректни загуби од рускиот напад.

Ова го објавија аналитичари од Киевскиот Економски факултет (КСЕ). На почетокот на јануари 2023 година, аналитичарите процениле дека загубите изнесуваат 38 милијарди долари, пренесе Ројтерс.

Користејќи ги податоците од украинската влада и други извори, аналитичарите на КСЕ рекоа дека директните загуби на украинскиот земјоделски сектор достигнаа 10,3 милијарди долари на 31 декември 2023 година, во споредба со 7,8 милијарди долари една година порано.

Бројките вклучуваат загуби од 5,8 милијарди долари во уништена опрема, 1,8 милијарди долари во оштетени силоси и речиси 2 милијарди долари во уништени земјоделски производи.

Аналитичарите проценуваат дека индиректните загуби, вклучително и изгубеното производство, намалениот извоз, повисоките трошоци за производство и санацијата на оштетената почва, изнесуваат околу 69,8 милијарди долари.