Украл накит од три милиони евра среде бел ден во Париз и си заминал со електричен тротинет

137

Француската полиција трага по лице кое од ексклузивна златарница во Париз украл накит во вредност од два до три милиони евра и побегнал со електричен тротинет.

Крадецот во текот на кражбата, според француските медиуми, им се заканил на вработените во златарница сместена во близина на Шанзелизе.

На снимката од надзорната камера се гледа човек со седа коса во светло сиво одело, бела маица и вратоврска како влегува во продавницата околу 17 часот.

Кратко потоа е снимен како излегува од златарницата со бела вреќа за накит и го напушта местото на настанот со зелен електричен тротинет, пренесува британски Гардијан.

Вработените рекле дека крадецот најпрво се претставил како купувач кој сакал да погледне различни парчиња скап накит, а потоа им извадил нож. Во текот на грабежот никој не е повреден.

Фото: Pexels