Улицата Првомајска во општина Кисела Вода од 5 јуни 2015 година ќе почне да се нарекува Мебел Булевар. Оваа одлука беше донесена по договор на претставниците на сите компании за мебел што се наоѓаат на таа улица. Идејата е да имаат симболично име на улицата кое ќе ги преставува и преку заедничките акции и попусти ќе биде од полза за сите купувачи.
“Мебел Булевар е заедничка идеја за име коешто ќе го преставува она што веќе долго време е улицата Првомајска за граѓаните и нашите потрошувачи. Улица со многу салони и продавници за мебел кои што нудат комплетни решенија за уредување на домот. Ова, исто така докажува дека ние, компаниите, што се наоѓаме на оваа улица работиме за потребите и желбите на потрошувачите. Попустите се дополнителен стимул за сите заинтересирани да дојдат, разгледаат и си купат нешто ново по промотивна цена од Булевар Мебел”, изјави Тони Божиновски, директор на компанијата Технокооп.
Како дел од овој настан, во периодот од 5 до 15 јуни, повеќето салони и продавници за мебел ќе овозможат специјален попуст од 15% до 30% на својот асортиман, како и специјални изненадувања на продажни експонати. На Булевар Мебел се наоѓаат познатите компаниите за мебел како што се Технокооп, Ото Мебел Маркет, Канапе, Карат, Кристина Дамил, Мебел Ви, Треска и Мондиви, кои сите заедно се простираат на површина поголема од 20.000 метри квадратни.
Ваквиот тренд на синонимно значење на улиците иако е нов кај нас, не е нов во многу светски метрополи кои ваквиот метод редовно го практикуваат и го наметнуваат како репрезент на заедничките дејности што ги објавуваат компаниите што се лоцирани по улиците и булеварите.