При купување нов дом, едни од најважните работи ни се локацијата, големината на станот или куќата, дали таа гледа на исток или запад, но важна е и цената. Ако досега мислевте дека 2.000 евра за еден метар квадратен се многу пари, погледнете ја листата на топ 5 најскапи улици во светот каде квадратот достигнува вртоглави цени.
5. Paterson Hill – Сингапур, 42.500 долари за метар квадратен
Paterson Hill во Сингапур е дом на многу милијардери. Еден од нив е Едвардо Северин, коосновачот на социјалната мрежа Facebook.
4. Boulevard du General de Gaulle – Cap Ferrat, Франција, 79.000 долари за квадрат
Оваа интернационална улица во Франција го привлече вниманието на многу милијардери. Тука некогаш живеел Чарли Чаплин, а денеска се наоѓа домот на Анџелина Џоли и Брет Пит.
3. Avenue Princesse Grace – Монако, 86.000 долари за квадрат
Avenue Princesse Grace е една од најлуксузните улици во Монако. Тука свои домови имаат познатиот оперски пејач Андреа Бочели, како и Роџер Мур.
2. Kensington Palace Gardens – London, Англија, 107.000 долари за метар квадратен
Kensington Palace Gardens историски гледано е богато соседство. Тука се наоѓа домот на принцот Вилијам и Кејт. Во оваа улица има и бројни амбасади меѓу кои и на Јапонија, Русија и Франција.
1. Pollock’s Path – Хонг Конг, 120.000 долари за метар квадратен
Pollock’s Path е број еден авенија во која цената на квадратот чини најмногу во светот. Таа е дом на најбогатите жители на Хонг Конг, како на главните директори на HSBC. На оваа улица никогаш не се почувствувала економска криза, а според претпоставките тоа и никогаш нема да се случи.