Üllo е револуционерен прочистувач којшто ги отстранува сулфатите и на виното му го даваат природниот вкус.
“Üllo верува дека најдобар начин да се ужива во виното, доколку истото е чисто без додадени сулфати и конзерванси. Околу три милиони Американци се чувствителни на сулфати, што резултира со алергии и респираторни проблеми, додека голем број ги обвинуваат овие хемикалии за утрински мамурлак и главоболки“, стои на глобалната страница за групно финансирање Kickstarter, каде овој проект досега собра над 89.000 долари.
Üllo е посебен филтер којшто селективно ги отстранува сулфатите, притоа овозможувајќи им на другите соединенија во виното без никаква промена да поминат низ филтерот.
Овој филтер може да се постави над шише, чаша или бокал со вино.