Улогата на ПроКредит Банка во зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на животната средина

44

zelena-energija

Фото: Pixabay

На светско ниво процесот на производство на енергија е високо зависен од необновливи извори на енергија. Употребата на фосилните горива како необновлив извор на енергија учествува со 80% во севкупното енергетско производство. Самиот процес на согорување на фосилните горива од друга страна резултира со ослободување јаглерод диоксид кој исклучително влијае во процесот на создавање на стакленички гасови кои потоа влијаат на промена на климатските услови и глобално затоплување.

При тоа голем дел од процесите на производство, трансфер и користење на енергија се одликуваат со голем степен на енергетска неефикасност. Како за пример, само 1/3 од примарната термална енергија (од употреба на јаглен) кој се користи во термоцентралите се претвора во електрична енергија, остатокот најчесто се губи во топлинска енергија. Само 5% од електричната енергија која напојува една конвенционална светилка се претвора во светлосна, додека остатокот се губи во топлинска енергија.

Трендот на користење и побарувачка на енергија е во постојан пораст и очекувањата се дека до 2030 истата ќе порасне за 53%, додека пак емисијата на јаглерод диоксид за 55%. Доколку се земе во предвид дека располагаме со лимитирани резерви на необновлива енергија, очекувањата се дека располагаме со нафта за уште 50-70 години, природен гас за уште 42-90 години, јаглен за уште 150 години, ураниум за уште 70 години. Сето ова не наведува на фактот дека е неопходен силен фокус и зголемено ниво на свесност на глобално ниво во начинот на кој се троши енергијата, употребата на алтернативните извори на енергија од обновлив карактер и намалувањето на негативното влијание врз животната околина.

Една банка може на повеќе начини да придонесе за зголемена енергестка ефикасност и поздрава животно средина. Првенствено со примена на енергеско ефикасни практики во внатрешното работење, со што директно го намалува нивото на потрошена енергија од сопствените оперативни активности. Банката може да ги стимулира клиентите преку финансирање на инвестиции од доменот на енергетската ефикасност и заштита на животната средина преку кредитни производи со поповолни услови за разлика од останатите кредитни продукти кои ги нуди на пазарот. Од друга страна пак, банката може и да го лимитира или ограничи кредитирањето на проекти кои штетно влијаат на животната околина. Дополнително банката може да организира настани наменети за домаќинствата и бизнис заедницата во насока на размена на искуства од вложување во енертетска ефикасност, можност за инвестирање и придобивки од инвестициите.

Грижата за животната околина и ефикасното користење на енергија како еден од основните постулати во мисијата на ПроКредит Банка придонесува не само за заштита на животната средина, туку и за подобрување на севкупната ефикасност на претпријатијата, од причина што подобрена енергетска ефикасност значи помалку трошоци, поголема продуктивност, пониска финална цена и подобрена пазарна конкурентност.

За таа цел ПроКредит Банка го нуди Еко кредитот чија цел на користење е финасирање на проекти со кои се заштедува енергија за 20%, се редуцира емисијата на јаглерод диоксид за 20% или се инвестира во обновливи извори на енергија. Основната намена на овој кредит во ПроКредит Банка се класифицира во три домени: Првиот домен се инвестиции во енергетски ефикасни технологии и објекти. Станува збор за инвестицијата која резултира во користење на помалку енергија за постигнување на ист или подобар очекуван ефект (инвестиции во градежни мерки и изолациони материјали; опрема и механизација; средства за транспорт; уреди за греење, ладење и осветлување; електрични предмети од домаќинство). Вторит домен се инвестиции во искористување на обновливи извори на енергија како што се сончевата светлина, ветерот, водениот потенцијал, геотермалната топлина и биомаса со што се намалува емисијата на јаглерод диоксид (хидро централи; фотоволтаични централи; соларни панели; ветерници; геотермални системи; употреба на биомаса и биогас). Третиот домен се зелените инвестиции кои опфаќаат инвестиции со кои се намалува негативното влијание од бизнис активности врз животното опкружување (заштита на почва, вода и воздух; рециклирање; органско производство).