Уловете го секој момент на камера

21

Proizvod na denot #7 Narrative Clip 2 (post photo)

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираат образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете ја со пријателите)

Производ на денот #7 Narrative Clip 2

Дали имате шанса да ги уловите на камера оние моменти во вашиот живот кои вистински вредат, почнувајќи од некое прекрасно изгрејсонце, концертот на вашата омилена група, првиот лет со параглајдер, па сè до првите чекори на вашето дете, а при тоа целосно да им се посветите и уживате во нив со слободни раце? Заокружете го септември во вашиот календар, како месец во кој започнува продажбата на новиот модел на најмалата и “најносивата“ камера на светот Narrative Clip 2.

Narrative Clip 2 ќе има камера со 8MP што е голем чекор напред во однос на претходниот модел кој имаше разолуција од 5МР. Исто така, големо подобрување ќе има во аголот на леќата, односно објективот кој изнесува 86 степени за разлика од претходниот модел каде изнесува 68 степени, но и кај батеријата која ќе биде двојно подобра и со неа ќе може да се снима активно цели 30 часа. Под активно снимање се подразбира автоматско снимање на 2 фотографии во една минута, а за дополнителна фотографија треба само да кликнете два пати на камерата, што ја прави и едноставна за употреба. Инаку, оваа камера тежи цели 20 грама со димензии 36x36x9 мм. Поради минималната тежина и новите модели на држачи, камерата ќе може да се прикачи на многу повеќе места.

Proizvod na denot #7 Narrative Clip 2 1

Едно од главните дополнувања е инклузијата на Wi-Fi и Bluetooth конективност, што овозможува поврзување со вашиот паметен телефон и го олеснува споделувањето и испраќањето на фотографиите кога сте во движење. Додатокот за Wi-Fi е особено корисен поради тоа што автоматски ги зачувува вашите фотографии онлајн секогаш кога ќе се прикачи на некоја мрежа. Додека за локално зачувување на фотографиите се користи вградената меморија од 8GB.

Овој проект направи успешна kickstarter кампања каде од 2.871 вложувачи собра повеќе од 550 USD. Narrative Clip 2 е пуштена во продажба овој септември, па така за само 199 USD може да направите највредните моменти од вашиот живот никогаш да не бидат заборавени.

Среќно

Brainster заедницата

Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.

FB:      https://www.facebook.com/brainster.co

Web:    http://www.brainster.co

e-mail: contact@brainster.co

Тагови: камера, производ на денот, производ на денот #7