Уловиле риби во вредност од 910.000 евра

Словенечките рибари уловиле околу 108 тони свежи примероци риба и други морски животни со вкупна вредност од над 910.000 евра. Ова е околу 70 отсто од минатогодишниот улов и најмал во последната деценија, објави Државниот завод за статистика.

Вкупниот улов на свежи рибни производи, односно риби, мекотели и ракови, бил два отсто поголем од претходната година, но 40 отсто помал од десетгодишниот просек, пренесува Seebiz.

Годишниот пораст е резултат на поголем улов на мекотели, што е споредливо со добриот улов од 2020 година, околу 36 тони.