Ултра брз тест за коронавирус

117

Тест, под името Convat, којшто за многу кратко време открива присуство на коронавурис со помош на ласер би можел да биде достапен за околу една година, тврдат научниците, пренесува Science Focus.

Научници работат на развој на ласерски сензор што може да ја открие болеста во нејзината најрана фаза преку тестирање плунка или брис од нос. Резултатот од тестот би бил готов за неколку минути. Оптичкиот биосензор подразбира неивазивно тестирање, а коронавирусот би бил детектиран веднаш штом се појави во човечкиот организам.

Технологијата на којашто се заснова овој тест првично била развиена за откривање на бактериски инфекции или биомаркери за рак. Сензорот на овој тест користи технологија што манипулира со светлост и на тој начин може да се открие инфекција кај пациентите кои во себе имаат мала количина на вирусот.

Научниците сметаат дека овој тест би дал посигурни резултати од брзите тестови за Ковид – 19, односно тестови што подразбираат убод во прст.

Фото: Pixabay