Ултра луксузен станбен комплекс со потпис на Фенди

82

introСледејќи ги чекорите на Гучи, Версаче и Мочини, модната куќа Фенди започна да инвестира во недвижнини, нудејќи луксузни домови, а Мајами е градот каде што тие ќе бидат изградени.

Станбениот комплекс ќе има вкупно 58 раскошни станови со големина од 306 па сè до 650 метри квадратни. Домовите ќе бидат опремени со познатата кујна на модната куќа, Fendi Casa, летни кујни, италијански мермер во бањите и кујните, перална и соби за персоналот.

Освен во луксузниот ентериер, станарите ќе можат да уживаат и во неверојатниот поглед на заливот, ќе имаат достапен бизнис центар, библиотека, игротека за деца, сала за вежбање, приватен ресторан, кино, спа, џакузи, неколку базени на плажата, персонал на располагање 24 часа и приватен шофер.

Комплексот се очекува да биде завршен во јуни 2016 година, а повеќе од половина од домовите се веќе продадени за цени од пет па сè до 25 милиони долари.
2782366675551164_600x450