![Celine-Dion-house-Jupiter-Island-4-600x397](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2013/08/Celine-Dion-house-Jupiter-Island-4-600x397.jpg)
Популарната пејачка Селин Дион и нејзиниот маж Рене Анжелил го продаваат својот дом кој се наоѓа на островот Јупитер на Флорида за неверојатни 72 милиони долари.
Лукзузниот имот кој е во Бахамски стил вклучува една главна куќа и пет павилјони, како и гостинска куќа со осум спални соби.
Имотот исто така вклучува и игралиште за тенис со терени за голф, куќа со базен, куќа до плажа со мансарда за спиење и соба за масажа.
Грандиозниот дом има три базени, едниот е на крајот на имотот до океанот, а вториот и третиот, кои се наоѓаат на самиот влез, се поврзани меѓусебе и надополнети со воден парк, две тобогана, мост под кој поминува вештачка река, како и забавен дел за игри на вода.