Ултра распродажба во Капитол мол, Back to school акции и фото предизвик

16

Од 30-ти септември до 6-ти август во Капитол мол започнува уште едно поглавје посветено на посетителите. Низ целиот центар ќе владее забавата, шопингот и уживањето, но овој пат тие чувства ќе бидат зголемени за 2 пати.

За време на ултра распродажбата посетителите од сите возрасти и тие со најспецифични модни вкусови ќе можат да го најдат своето омилено парче низ 40 продавници и со попусти до -70%. За тоа да не биде премалку, 8-те дена ќе бидат исполнети со интересни активности како настапот на Поточиња, децата музичари од Пијанофорте, и посебно забавно шоу кое ќе биде организирано во соработка со училиштата од општина Аеродром.

Секојдневно стотици семејства го посетуваат Капитол мол. Тие уживаат во уникатниот концепт на центарот кој овозможува активности за секој. На последниот спрат најмалите може да си играат, а само еден ескалатор подолу за нив може да се најде совршеното парче облека, како и квалитетна спортска опрема, 1-ви спрат е местото каде младите, родителите и тинејџерите го дополнуваат својот стил, се подготвуваат за на училиште или работа, а на приземје има вистинска разновидност, од подароци за најмалите, уникатни охридски бисери, до места за кафе и вкусна храна.

Со приближувањето на првиот училишен ден Капитол мол одлучи да се впушти во уште еден интересен предизвик за своите посетители. Затоа во соработка со Kids Park, 4Bowling, Просветно дело, Кали, dm, ДНА Анни фарм и Делта Ароматик објави награден предизвик кој пријатно ќе го изненади целото семејство за првиот училишен ден на најмалите.

Родителите кои сакаат да бидат дел од овој фото предизвик треба:

– да испратат слика од своето најмило како се подготвуваат за првиот школски ден по порака/инбокс до Фејсбук фан страната на Капитол мол.

– за одреден период Капитол мол ќе објави селекција од најинтересните добиени фотографии во посебен албум,

-5-те учесници кои ќе имаат најмногу лајкови ќе добијат подароци