Улусој: Турција постепено да го намалува бројот на all – inclusive хотели

24

tr

Турција треба да стави крај на all-inclusive услугите во ресортите, што е многу честа појава особено долж Медитеранот, затоа што овој систем го намалува приходот во секторот, смета претседателот на турската Асоцијација на туристички агенции, Башаран Улусој.

“Овој систем е атрактивен за туристи што сакаат да заштедат на трошоци и хотелите не можат да ги зголемат цените, иако трошоците се зголемуваат од година во година. Она што треба да го направиме е постепено да го намалиме бројот на all – inclusive (сè вклучено) хотели”, вели Улусој, пишува Хуријет.

Еден од начините да се зголемат приходите, според него, е да се привлечат побогати туристи во Турција. Улусој додава дека хотелите во Турција нудат услуги со висок квалитет, но со пониски цени во споредба со европските хотели.