Умерен раст на цените на станбените недвижности во ЕУ на крајот на годината

33

Цените на станбените недвижности во ЕУ се зголемија за 3,6 отсто на годишно ниво во последниот квартал од минатата година, по растот од 7,3 отсто во третиот квартал.
Во еврозоната, по растот од 6,6 отсто во третиот квартал, цените пораснале за 2,9 отсто во последните три месеци, објави Европскиот завод за статистика.

На тримесечно ниво цените на станбените недвижности во еврозоната паднаа за 1,7 отсто, а во ЕУ за 1,5 отсто. Според податоците на Евростат, во еврозоната тоа е најголем тримесечен пад на цените од последниот квартал на 2008 година (-1,7 отсто), а во ЕУ најголем пад од првиот квартал на 2009 година (-1,9 отсто).

Меѓу земјите за кои статистичарите имаа достапни податоци, цените на недвижностите се зголемија за повеќе од 10 отсто на годишно ниво во седум земји. Најголем раст е забележан во Хрватска (+17,3 отсто), Естонија (+16,9 отсто), Унгарија (+16,5 отсто), Литванија (+16,0 отсто), а цените најмногу паднале во Данска (- 6,5 отсто), Шведска (- 3,7 проценти), Германија (-3,6 проценти)) и Финска (-2,3 проценти).

На квартално ниво цените паднаа во 15 земји-членки. Најмногу во Данска (-6,5 отсто), Германија (-5,0 отсто) и Кипар (-4,0 отсто). Од друга страна, најголем квартален раст е забележан во Хрватска (+4,7 отсто), Романија (2,5 отсто) и Литванија (+1,9 отсто).

Словенија забележа квартален раст од еден процент, а на годишно ниво раст од 11,3 проценти.