Софија, мултиталентиран робот кој може да зборува, да се шегува, да пее, па дури и да создава уметност, предизвика бура во светот на уметноста кога дигиталното дело што го создаде беше продадено на аукција за 688.888 долари во форма на таканаречен незаменлив токен (NFT).
Продажбата укажува на зголемен недостаток на контрола на пазарот на NFT, каде што луѓето можат да купуваат сопственички права на дигитална содржина.
Секој NFT има единствен дигитален код кој им овозможува на сите да ја потврдат автентичноста и сопственоста на нештата.
Софија е најпознатото роботско творештво на компанијата Hanson Robotics, и може да имитира изрази на лицето, да води разговори и да препознава луѓе.
Во 2017 година го доби државјанството на Саудиска Арабија и стана првиот граѓанин меѓу роботите.
Соработуваше со италијанскиот сликар Андреа Бонасет, а подоцна започна и сама да прави дигитални уметнички дела.
Дигиталното дело, кое беше продадено за 688.888 американски долари, е всушност видео клип од 12 секунди што го прикажува портретот на Бонасет како еволуира во дигитална слика на Софија.
Фото: Printscreen YouTube