Унгарија ќе дава државјанства на богати странци

58

Унгарија ја разгледува можноста за издавање дозволи за постојан престој, а потоа и на унгарско државјанство на богати странски инвеститори, стои на интернет страната на унгарскиот парламент.

Според предлог законот, право на постојан престој, а потоа на унгарско државјантво би добиле странци кои ќе купат државни обврзници за најмалку 250.000 евра.

Носителите на унгарски пасош имаат право да живеат и работат на подрачјето на целата Унија. Со овој потег кој има поддршка од владејачката партија, би требало да се привлечат нови инвеститори, особено од Кина.

Унгарија има милијарди долари надворешен долг и бара начини да го рефинансира или испати долгот, вклучувајќи и продажба на обврзници.