Унгарија ќе произведува Синофарм вакцина

64

Унгарската влада потпиша писмо со намери со лидерите на кинеската фармацевтска компанија Синофарм за развој на потребната инфраструктура во следните 10 месеци за производство на кинеска вакцина против Ковид-19, објави унгарското Министерство за надворешни работи.

Според соопштението, Унгарија планира во новата фабрика да произведува Синофарм вакцина како и како и вакцината развиена од домашни експерти, пренесува Ројтерс.

Договорот ќе и овозможи на унгарската фабрика брзо да реагира на сите можни варијанти на вирусот корона со размена на информации со Синофарм.

Владата издвои 55 милијарди форинти (186 милиони американски долари) за изградба на фабриката.