Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција во Будимпешта ќе се договараат за Турски тек

47

gasovod

Министрите за надворешни работи на Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција на средба во Будимпешта ќе разгледуваат перспективи за учество во проектот Турски тек, пишува Миа.

Како што е најавено, ќе бидат разменети мислења меѓу петте држави за тоа дали се подготвени да се реализира проектот за нов гасовод Турски тек, односно нова траса за снабдување на регионот со природен гас, како алтернатива на Јужен тек.

Турски тек е проект на руски Газпром за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско – грчката граница. Во февруари оваа година, турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз и првиот човек на руски Газпром, Алексеј Милер, ја разгледуваа можната траса на гасоводот Турски тек.

Во декември минатата година, Русија се откажа од проектот Јужен тек со кој требаше да ја снабдува Европа со гас.