Унгарската влада размислува од идната година да воведе данок на луксузна стока од 30% до 35%, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за јавното радио. Орбан најави дека министерот за економија Михали Варга ќе направи план за воведување на данок на луксузна стока во рамките на даночните мерки за следната година.
Премиерот во интервјуто истакна дека мерката со која владата планира да им помогне на корисниците на хипотекарни кредити во странска валута нема да го урне финансискиот систем на земјата.
“Ќе предложиме решение кое нема да го урне финансискиот систем, но ќе им помогне на должниците во неволја”, изјави Орбан и додаде дека сака мерките да се воведат што поскоро.