Унгарија создава државен банкарски гигант?

49

budapest bank

Унгарската влада би можела да ги спои Budapest Bank (BB) и неодамна национализираната MKB Bank, откако ќе го заврши процесот на купување на BB, пишува Portfolio.hu.

Претходно месецов унгарската влада потпиша договор за купување на BB од GE Capital. Се очекува трансакцијата да биде завршена кон средината на следната година.

MKB Bank има портфолио од 373.000 клиенти со натпросечен потенцијал за штедење, додека Budapest Bank е водечка во неколку сегменти на банкарското работење – кредитирање на мали и средни претпријатија, потрошувачки кредити и финансирање на автомобили преку кредити и лизинг.