Унгарија воведува награди за возачите кои возат по правила

43

Унгарската полиција лансира апликација која ќе ги награди возачите кои возат според предвидените ограничувања на брзината, пишува Pluton Logistics.

Имено, корисниците на апликацијата OBBPoint ќе добијат поени ако редовно возат според правилата, а подоцна ќе можат да ги користат за попусти и подароци во продавници и кај различни даватели на услуги.

Врз основа на координатите на локацијата, софтверот знае кои ограничувања на брзината важат за дадена рута и редовно ќе се ажурира. Не се смета за прекршок ако некој накратко ја надмине максималната брзина за краток временски период, на пример да претекне друго возило, под услов возачот да забави до ограничувањето на брзината по завршувањето на маневрот.

Фото: Pixabay