
Унгарската нафтена компанија и нејзините партнери започнуваат со производство на гас во Казахстан.
Групацијата МОЛ заедно со казахстанските и кинеските партнери започна со производство на гас во Казахстан, а првиот бунар во наоѓалиштето Рожковское даде 300.000 кубни метри, соопшти оваа компанија.
Проектот „Рожковскоје“ е управуван од „Урал Оил и Гас ЛЛП“, заедничко вложување во сопственост на казахстанскиот „Казмунајгас“, 50 отсто, МОЛ Груп со 27,5 отсто и кинеската ФИОК, 22,5 отсто.
Полето за гас и кондензат Рожковское во Западен Казахстан беше откриено во 2008 година.











