Унгарски старт – ап интегрира соларни панели на клупи и пешачки зони

29

klupa

Унгарскиот старт – ап Platio создаде модуларен панел што ја собира енергијата од сонцето за производство на електрична енергија. Компанијата првата инсталација ја направи пред влезот на трговски центар во Астана, Казахстан, а потоа и во поп ап парк во Будимпешта.

8

Фото: Platio

Во соработка со унгарската образовна платформа за дизајн и архитектура Hello wood, Platio интегрира и соларни панели на клупи во паркови во Будимпешта. Електричната енергија произведена од овие паметни клупи посетителите може да ги користат за полнење на своите мобилни уреди.

Панелите Platio имаат слој од нелизгачко стакло и направени се од рециклирана пластика, пишува Designboom.